Екосистемот на Дојран е дел од Натура 2000 ( ГР 123 0003 ) за заштитени подрачја и е сместен на самата граница меѓу Грција и Република Северна Македонија, тука е сместена една мочуришна област со исклучителна природна убавиnа и можност за развојна перспектива. Локалните организации веќе неколку години имаат започнатo меѓусебна соработка и заедничка активност во однос на соочување со тековните проблеми во оваа езерска област како и соочување со предизвици од типот :
- Преземање на мерки за витална заштита на еко – системот
- Недостаток од стратешки план и стабилен механизам за менаџирање на еко-системот предизвика сериозни проблеми како што се :
а. Физичките и хемиските својства на водата се повремено испитувани од страна на овластени институции б. Управувањето со ризикот не е организиран и проактивен процес в. Соработката помеѓу двете држави станува отежната и неефективна
- Преземањето на мерки за усогласување меѓу Грција и Република Северна Македонија во однос на Европскиот закон и со цел да се одговори на условите и процесот за влез во ЕУ
- Заедничкото менаџирање на езерската област е основано на некомплетни и неповторливи активности.
- Заштитата и менаџмент планот за заштита на езерската област треба да биде заснован на правила и принципи преземени од локалните организации.
- Не постои техничка инфраструктура за заштита, менаџирање и развој на еко – системот.
- Искористувањето на природните ресурси може да доведе до поголем степен на локален развој и привлекување на повеќе посетители, мотивирање на локално земјоделско производство и одржување на културното наследство.
Проектот се содржи од три дела, обезбедување на иновативни решенија и предлози за заедничките проблеми 1.) Содржи интегриран план заснован врз:
- Развој на стратешки план и систем на менаџирање поврзан со животната средина и социо – економските аспекти на еко – системот во прв план
- Развој на инфраструктура, потребна законска ефикасност и заеднички механизам за управување со екосистемите
- Развој на инфраструктурата поврзана со пејзажот на животната средина и искористување на технолошката опрема за заштита и зачувување на екосистемот.
- Имплементација на акционен план за подигнување на свеста и обука со цел вклучување на претприемачите, граѓаните и младите во еколошка култура и земјоделски практики
2. Обезбедува законска и финансиска одржливост дури и по завршувањето на финансирањето на проектот, бидејќи сите потребни услови се исполнети преку постојани механизми за управување со многу ниска цена. 3. Постои странска ориентација за подобрување на прекуграничните соработки и механизми за взаемно управување
Главните цели се поврзани со::
- Организациите-здруженијата кои ги вклучуваат најважните законски страни во спроведувањето на стратегии за заштита на животната средина и биолошката разновидност, како и одржливиот развој;
- Тие ќе усвојат нова, взаемна и организирана рамка, структури и инфраструктури кои дефинираат стабилни принципи на соработка за подобрување на животната средина и социоекономската конкурентност во одредена област
- Жителите на прекуграничната област и пошироко од неа ќе имаат корист од проектот на краток и на долг рок.
- Земјоделците и претприемачите ќе развијат нови одржливи активности за поддршка на еколошка култура, искористувајќи ги природните ресурси и можностите што ги нуди оваа област.
- Младите кои ќе бидат обучени за прашања од областа на животната средина и свеста, поттикнуваат поодговорна идна генерација.
